Омар Џафероски, дебитансткиот настап со награда на Макфест 2020

Точка

21/09/2020

15:09

2.021

Големина на фонт

а а а

На фестивалот Омар Џафероски настапи со песната „Ако те изгубам“, музика и аранжман на Николче Мицески, а текст Весна Малинова.

„Возбуда и секако огромно задоволство беше кога ја добив потврдата од нашиот најреномиран фестивал на забавна музика Макфест, дека со песната 'Ако те изгубам' влегов во натпреварувачкиот дел на овогодишното издание, но дека од таму ќе се вратам со освоено трето место во таква силна конкуренција од 24 изведувачи сепак не очекував“, вели Џафероски. 


„Би сакал и официјално да му честитам на Пере и Нокаут за освоеното прво место и секако да се заблагодарам на Николче и Весна за одличната песна и благодарност до стручното жири на Макфест што го награди тоа“, додава младиот пејач.



Спонзорирани линкови

Маркетинг