Четврти пат го облекува! Кралицата Летиција повторно во фустан од црвена чипка со кој ги воодушевила присутните

Кармин

21/09/2020

15:28

2.763

Големина на фонт

а а а

Популарно наречената „кралица на рециклираната гардероба“, шпанската убавица уште еднаш од орманот извлекла проверена комбинација во боја на оган.

Шпанскиот крал Фелипе и кралицата Летиција пред неколку денови присуствувале на отворањето на 24-та сезона на популарната опера „Teatro Real“ во Мадрид.

Имено, овој популарен пар пристигнал на премиерата на операта на Верди „Бал под маски“, па не е ниту чудно поради тоа што цело внимание било насочено кон кралицата, која што сè уште ги засенува сите каде и да се појави.


Кралицата Летиција сега ги надминала и своите претходни избори, па од орманот извлекла фустан кој што веќе неколку пати досега го носела.

Станува збор за фустан со чипка, во црвена боја, без ракави, кој што е потпишан од Каролина Ерера.

Кралицата првпат овој фустан го носела во јуни 2017-та година, на 40-годишнината од првите избори во Шпанија, а потоа во месец октомври 2018-та година, па во месец јули 2019-та година во Валенсија.


Целиот стајлинг на Летиција бил во знак на Каролина Ерера, па така повторно со себе ја носела и златната чанта, како и црвените потпетици.

Сето ова таа веќе неколку пати го носела, па така ја потврдила титулата кралица на „рециклираната“ гардероба.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk