Видео интервју: Награда за најдобар аранжман за песната на Лара Иванова, втора година по ред

Точка

21/09/2020

22:32

14.771

Големина на фонт

а а а

Младата и талентирана пејачка Лара Иванова, оваа година по вторпат се претстави на Макфест, а нејзината песна повторно ја освои наградата за најдобар аранжман - дело на маестралниот Иле Спасев.

Минатата година бевме единствениот медиум кој воопшто ѝ посвети било какво медиумско внимание на 16-годишната Лара, но, една година подоцна, може да забележиме дека таа многу храбро чекори по овој трнлив пат, притоа освојувајќи сè повеќе срца на почитувачи на македонската музика.

Иванова оваа година се претсави со песната „За Нас“, која, како што споменавме ја искомпонира продуцентот Иле Спасев, а текстот за емотивната балада го напиша Робин Зимбаков.

Лара во ексклузивно интервју за Точка, веднаш по доделувањето на наградите нѝ откри дали ја посветува некому песната, кој ѝ е омилен стих од неа и ги сподели сите детали поврзани со спотот, кој, пак, истата вечер доживеа своја премиера. 

Новинар: Цеце Николова
Видео: Ненад Смиљковиќ



Спонзорирани линкови

Маркетинг