Фановите на Џенифер Анистон и Бред Пит во „транс“, не престануваат да пишуваат за нивното најново видео

Точка

21/09/2020

11:06

3.150

Големина на фонт

а а а

Моментот кој го чекаа сите фанови на Џенифер Анистон и Бред Пит конечно се случи. Ова е нешто за кое сигурно ќе се зборува долго време, а видеото ќе се гледа одново и одново...

По 15 години силни шпекулации и приказни за смирување, фановите на славните актери и некогашни партнери конечно дочекаа да ги видат Џен и Бред заедно на малите екрани. Многумина тврдат дека помеѓу нив веднаш се почувствувала „искра“ и дека емоциите сигурно постојат и по толку многу години. 

Џенифер и Бред се најдоа вирутелно со останатите главни актери као Џулија Робертс, Бред Пит, Метју Меконахи, Шон Пен, Џон Леџенд и други, а повод за тоа било читањето на „Fast Times at Ridgemont High“ преку кое актерите собирале средства за хуманитарната организација „CORE“ која помага во борбата против коронавирусот.

Бред бил во улога на Бред Хамилтон додека Џенифер ја глумела девојката во која е заљубен, Линда.

„Здраво, Анистон“, „Здраво, Пит“, „Како си?“, „Добро душо, како си ти?“, „Добро сум“ - на овој начин течел разговорот на самиот почеток, кој фановите одново и одново ќе го гледаат и кој можеби е и највпечатливиот момент на вечерта.

Исто така тука е и уште еден момент со кој ја воодушевија целата јавност.

За потсетување, Џенифер Анистон и Бред Пит беа во брак од 2005 до 2005 година, а денес се во одлични односи. Фановите се уште се надеваат на нивно смирување, особено по легендарната средба на доделувањето на Оскарите кога покажаа неверојатна блискост.

Погледнете ја комплетната претстава на Јутјуб:



Спонзорирани линкови

Маркетинг