Видео интервју со победникот на Макфест: „Често настапуваме во живо, но плејбекот е друга димензија“

Точка

21/09/2020

22:30

14.936

Големина на фонт

а а а

Во саботата, на 19-ти септември се одржа 35-то издание на „Макфест“, а ние и оваа година бевме дел од него.

Веројатно овој Макфест долго ќе се памети, со оглед дека беше по малку необичен поради здравствените протоколи кои навистина максимално се испочитуваа.

Откако водителка Марјана Станојковска ги прогласи Нокаут за победници, направивме кратко интервју со Пере, кој, пак, едвај успеа некако да си ги сумира впечатоците пред било што да каже пред нашиот објектив.

Сосема изненадувачки, вели Пере, оваа победа воопшто не им била очекувана, но, како што истакнува, верува дека песната допрва ќе си го најде своето место на домашната сцена.

„После 24 години ова е наша прва награда на некаков фестивал. Во 1997-ма година земавме награда за аранжман за песната 'Фатална опсесија'“, вели Пере.

Инаку, Пере нѝ откри и дека победничката песна „Сакам да живеам“, всушност воопшто не била планирана за овогодишниот Макфест, тоа е една од песните кои ќе се појават во новиот албум на Нокаут.


Новинар: Цеце Николова
Видео: Ненад Смиљковиќ



Спонзорирани линкови

Маркетинг