Во Индија 92.605 нови случаи на коронавирус

Макфакс

20/09/2020

18:32

1.092

Големина на фонт

а а а

Индија регистрира 92.605 нови случаи на коронавирус во изминатите 24 часа и за неколку недели се очекува да ги надмине САД како земја која е најтешко погодена од пандемијата.

Министерството за здравство на Индија, исто така, објави дека во последните 24 часа починале 1.133 лица со што вкупниот број на смртни случаи надмина 86.752. 

Вкупниот број на заразени во Индија е над 5,4 милиони луѓе. Индија, сепак, има и најголем број на оздравени пациенти во светот, според Универзитетот Џонс Хопкинс. Стапката на опоравување е околу 80 проценти, пренесува АП.

Над 60 проценти од активните случаи се концентрирани во пет од 28 индиски држави – Махараштра, Карнатака, Андра Прадеш, Тамил Наду и Утар Прадеш.

Владата на премиерот Нарендра Моди се соочи со остри критики за справување со пандемијата поради која над милион луѓе останале без работа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг