Четири лица починаа од коронавирус, потврдени се 178 нови случаи

Макфакс

20/09/2020

17:47

3.934

Големина на фонт

а а а

Во последните 24 часа од коронавирус во Македонија починаа четири лица, а потврдени се 178 нови случаи од 1.368 тестови, соопшти Министерството за здравство.

Најголем број нови случаи се потврдени во Скопје-42, Куманово-19, Кочани – 17, Прилеп – 16, Тетово-14 и Струмица – 13. 

Во Дебар, Македонски Брод, Виница, Свети Николе, Кавадарци и Штип по еден случај, во Струга и Велес по пет случаи, Битола-4, Охрид-3, Гостивар-11, Гевгелија-4, Крива Паланка-2, Радовиш-2, Пробиштип-2, Валандово-3, Делчево-2 и Кичево-8.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 71 оздравен пациент од: Скопје-25, Куманово-11, Штип-10, Прилеп-7, Струга-5, Охрид-3, Кавадарци-1, Гостивар-1, Крива Паланка-3, Кочани-3, Пробиштип-1, Берово-1.

Починати се 4 лица, двајца пациенти од Скопје (61 и 59г), пациент од Куманово (69г) и пациентка од Штип (70г). Сите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16.735, бројката на оздравени пациенти е 13.863, на починати е 693, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.179.



Спонзорирани линкови

Маркетинг