Во Србија 68 нови случаи на коронавирус, едно лице починало

Макфакс

20/09/2020

16:45

810

Големина на фонт

а а а

Во изминатите 24 часа во Србија се регистрирани 68 нови случаи на коронавирус, од вкупно тестирани 3.175 лица, а едно лице починало.

Епидемиолозите апелираат до граѓаните што се враќаат од странство да постапуваат одговорно и совесно. 

„Од петокот во 18 часот, кога стапи во сила мерката за здравствен надзор за патниците што се враќаат од странство, до утрово околу 10.000 граѓани се пријавија на порталот за е-здравје“, изјави за РТС директорката на Институтот „Батут“, Верица Јовановиќ. 

Таа рече дека сите оние кои не можат да се пријават електронски на соодветниот портал, а деталите се добиваат при влез во Србија, треба да одат кај лекар. Таа посочи дека мерката се однесува на сите, без разлика дали имаат симптоми на Ковид-19 или не.



Спонзорирани линкови

Маркетинг