Струмичанка загина откако врз неа паднало дрво што го сечел нејзиниот сопруг

Макфакс

20/09/2020

12:44

1.628

Големина на фонт

а а а

Жена на возраст од 59 години починала на лице место откако врз неа паднало едно од дрвата кои ги сечел нејзиниот сопруг.

Од полицијата информираат дека настанот се случил вчера на нива во селото Мокриево, Струмичко. 

„Додека Д.Н. сечел дрва, едно од дрва паднало и ја повредило неговата сопруга Ж.Н.(59), при што таа починала на лице место. Лекар констатирал смрт, а увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица“, велат од МВР.



Спонзорирани линкови

Маркетинг