Видео: Полиција околу зградата на Гордана Јанкуловска, се проверуваат сите возила

Точка

19/09/2020

16:09

8.953

Големина на фонт

а а а

Околу зградата во која живее поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, има големо присуство на припадници на полицијата.

ТВ21 јавува дека полицијата го проверува секое возило кое минува околу зградата на Јанкуловска. 

Потсетуваме, екс-министерката за внатрешни работи треба да одлежи казна затвор за случајот "Тенк", а Врховниот суд вчера ја потврди оваа одлука.

Како што пренесовме утрово, Јанкуловска преку Фејсбук порача дека е дома со семејството и дека нема намера да бега.

Видеото можете да го погледнете ТУКА.



Спонзорирани линкови

Маркетинг