Слаба утеха за Грците: Бурата Јанос не е последна, еве како поминал Закинтос

Точка

19/09/2020

14:20

5.845

Големина на фонт

а а а

Силното невреме кое вчера ја погодило Грција има карактеристики на ураган, но нема разорна моќ и е типично за Медитеранот.

Главната одлика на таа бура е дека има карактеристики на ураган во смисла на движењето, голема маса, проследена е со силни ветрови и врнежи кои може да бидат и до 200 милиметри по метар квадратен, што е навистина голема количина. 

Таа комбинација од ветар и обилни врнежи предизвикува проблеми во транспортот, телекомуникациите, снабдувањето со електрична енергија, водоснабдувањето, пишува "Курир.рс".

Ваквите процеси слабеат при преоѓањето на копно, бидејќи повеќе немаат извор на влага која им дава сила.

Бурата со име Јанос вчера го погодила западот на Грција, корнела дрвја и донела дождови кои ги поплавиле улиците и градовите во тој дел од земјата, а на јонските острови Кефалонија, Закинтос и Итака дошло до прекин во снабдувањето со електрична енергија.

На Кефалонија нема повредени, но невремето предизвикало материјална штета на куќите, транспортната инфраструктура и објектите за снабдување со вода, а слични последици има на Закинтос и Итака.

Јанос, кој околу пладне дошол до Пелопонескиот полуостров, е послаб од првите проценки, а веќе би требало и дополнително да е ослабен и тргнат кон југ.

Како што тврдат надлежните, тој би можел да го погоди централниот дел на Грција, каде се очекуваат обилни дождови.




Спонзорирани линкови

Маркетинг