„Вимблдон, доаѓам!“: Ана Курникова ја покажа преслатката ќеркичка и ги разнежни фановите

Кармин

18/09/2020

13:14

2.419

Големина на фонт

а а а

Поранешната тенисерка Ана Курникова пред 7 месеци го доби третото дете со пејачот Енрике Иглесијас, а сега ги разнежни сите со фотографија од наследничката.

Ана на својот Инстаграм профил објавила фотографија од малата Мери во тениско фустанче во бела боја на која широко се смее, со пораката „Вимблдон, доаѓам!“. 

Девојчето има руса коса и проѕирно сини очи, па многумина констатираат дека таа личи на својата мајка, но поединци истакнуваат дека потсетува и на славниот татко. Малата Мери на само 7-месечна возраст стана вистинска ѕвезда на Инстаграм.

За потсетување, Енрике присуствувал на породувањето на Ана и тогаш на социјалните мрежи објави фотографија на која во рацете ја држи штотуку родената ќеркичка која на главата има капа со панделка.

Покрај Мери, Енрике и Ана ја имаат ќерката Луси и синот Николас.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk