Фердинанд даде прогноза за тимовите кои ќе завршат во Топ 4 во Премиер лигата

Дерби

17/09/2020

15:33

2.885

Големина на фонт

а а а

Англиската фудбалска легенда, Рио Фердинанд по завршувањето на кариерата се одлучи да не биде дирикетно вклучен во фудбалот, тимовите, репрезентациите туку како аналитичар, стручњак да ги искажува своите ставови, погледи на работите на актуелните случувања.

Како што е познато минатиов викенд започна новата сезона во Премиер лигата, коло во кое немаше изненадување кога се во прашање фаворитите кои ја отворија кампањата на посакуваниот начин. Се очекуваат многу возбудувања, пресврти, квалитетен фудбал во продолжението, а Рио во пресрет на тоа што следува го искажа својот став за Топ 4, поточно екипите кои ќе бидат најдобри во шампионатот.

Според Фердинанд во првата четворка нема да има место за лондонските клубови Арсенал и Тотенхем.

- Јас ќе одам со Манчестер Сити, Ливерпул, Манчестер Јунајтед и Челси, - порача некогашниот ас на Јунајтед, Лидс и Вест Хем.



Спонзорирани линкови

Маркетинг