Знаете ли зошто Џенис од „Friends“ има толку иритантен глас? Ова е приказната зад нејзиниот лик

Точка

17/09/2020

12:02

4.602

Големина на фонт

а а а

Актерката Меги Вилер открила зошто всушност настанал иритантниот глас на ликот Џенис кој го толкуваше во култната серија „Friends“.

Меги која ја игра Џенис, поранешната девојка на Чендлер со неверојатно висок тон на гласот и смеење кое со текот на годините стана едно од најпрепознатливите ТВ смеења, инаку не зборува со таков тон на гласот, но на аудицијата се претставила токму така и ги воодушевила креаторите на најпознатиот ситком на сите времиња. 

Меги пред тоа добила отказ од серијата „These Friends of Mine“ на Елен Деџенерис и вели дека била скршена поради тоа. Затоа на аудицијата за „Friends“ одлучила целосно да се ослободи и да испроба нешто ново за да остави различен впечаток од сите останати - и така настанал гласот на Џенис.

„Да дојдев на аудиција било кој друг ден можеби и би изглумила поинаку, но тогаш дојдов се уште под импресии од отказот и се чувствував слободно. Одлучив да бидам поразлична и тоа беше во моја корист“, раскажала актерката во интервју за „News“.

Нешто претходно зборувала на истата тема и во емисијата „The Morning Show“.

„Одлучив да го направам тоа штом ја видов аудициската сцена, а смеењето го креирав бидејќи знаев дека Метју Пери е многу смешен и дека ќе ме засмејува на сетовите. Затоа сметав дека е подобро Џенис да има специфично смеење бидејќи тој ќе ме смее секој пат кога ќе правиме нешто заедно“, изјавила Вилер.

Џенис во серијата се појави во 1994 година и остана како епизодна улога се до 2004 година, а како звучи нејзиниот вистински глас, можете да слушнете во видеото во продолжение (од 0:30):




Спонзорирани линкови

Маркетинг