Американската актерка ја шокираше јавноста со признанието дека нејзините ќеркички уживаат во - пиво

Точка

16/09/2020

15:26

3.772

Големина на фонт

а а а

Холивудската актерка и горда мајка на 7-годишната Линколн и 5-годишната Делта, Кристен Бел, раскажала дека нејзините ќерки се толку навикнати на вкусот на пиво што го нарачуваат и во ресторани.

Актерката раскажала во еден подкаст дека неодамна ги затекнала своите ќерки како седат и пијат пиво во текот на онлајн предавање, но - безалкохолно. 

„Тие седеа и пиеја, а јас размислував што ќе помислат другите родители и наставници за мене? А потоа се потсетив - баш ти е гајле, Кристен. Можат само да „глумат“ дека правиш нешто погрешно“, изјавила Бел.

Таа напоменала дека нејзиниот сопруг и колега Декс Шепард е излекуван зависник од алкохол и наркотици, поради што тие во домот имаат само безалкохолно пиво.

Кристен раскажала дека нивната постара ќерка, додека се уште била бебе, имала обичај да му „украде“ малку безалкохолно пиво на Шепард во текот на прошетките и дека за Линколн и Делта тоа е начин за поврзување со нивниот татко.

„За моите девојчиња тоа е сентиментална работа. На тој начин се чувствуваат блиско со нивниот татко“.

Холивудската актерка открила дека вкусот на пивото толку им се допаѓа на децата што тие го нарачуваат и во ресторани.

Инаку, Декс Шепард неодамна прослави 16 години трезност, што Кристен го одбележа и на Инстаграм, честитајќи му го овој важен датум.



Спонзорирани линкови

Маркетинг