Меланија во фустан од 3.700 долари: Овој модел прилега на секоја градба, го крие вишокот килограми и го истакнува струкот

Кармин

16/09/2020

10:16

4.254

Големина на фонт

а а а

Првата дама на Америка ја покажала својата завидна фигура во миди фустан во темносина боја без ракави, кога покрај својот сопруг Доналд Трамп го угостила премиерот на Израел и неговата сопруга во Белата ќука.

Меланија за оваа свечена прилика одбрала фустан на модната куќа Прада. Фустанот со миди должина во темносина нијанса и со бели детали совршено го истакнало телото на првата дама која не престанува да ја воодушевува јавноста со своите паметни модни избори. Елегантното, но и шик издание, Меланија го надополнила со бели салонки со висока потпетица. 


Фустанот со А крој е секогаш сигурно решение кога сакате да го сокриете вишокот килограми, но и да го истакнете струкот. Меланија знае дека со ваквиот крој нема грешка, па затоа често се одлучува токму за овој популарен женствен модел.


Како и вообичаено, првата дама на САД не претерува со накитот, но и со шминката. Исенчаните очи и светлиот кармин се нејзин заштитен знак, како и пуштената коса со светли и нежни прамени.

Како ви се допаѓа ова издание на убавата Словенка?



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk