Сè поголем број луѓе страдаат од „маскни“, а еве како да се справите со нив

Кармин

16/09/2020

09:22

2.758

Големина на фонт

а а а

Маските за лице станаа дел од секојдневието на сите луѓе ширум светот, а дерматолозите откриле дека сè поголем број пријавуваат една последица од нивното носење.

Станува збор за „маскни“, акни кои се наоѓаат на делот на кожата прекриена со маска. Како што пишува „Cleveland Clinic“, станува збор за не баш нов феномен, меѓутоа пошироката јавност дури сега се запознава со проблемот со кој се соочуваат здравствените работници, градежните работници и останатите кои носат маски во склоп на своите секојдневни работни обврски. 

Причината поради која доаѓа до иритација на кожата не е исклучиво самата маска туку и фактот дека со нејзиното носење, топлиот и влажен воздух останува заробен. Тоа е опкружување кое е совршено за раст на габички, бактерии и останати нечистотии, а може да се влоши во текот на летото или при вежбање. Во комбинација со триењето до кое доаѓа при носењето на маска настануваат акни.


Но, како да се справите со нив? Користењето на хидратантна крема пред ставањето на маската може да помогне во намалување на иритациите. Меѓутоа, задолжително оставете таа целосно да се впие во кожата пред да ја прекриете устата и носот со маска. За да спречите настанување на „маскни“, два пати дневно чистете го лицето со пенливо средство за чистење. Ако сте инаку склони кон акни, дерматолозите советуваат користење на производи кои содржат салицилна киселина и избегнување на оние кои содржат натриум лаурил сулфат.

„Квалитетната и едноставна нега е клучна. Користете немасни, лесни и нежни средства“, советува д-р Симал Десаи.

Иако можеби се чувствувате поудобно со маска направена од полесни материјали, проверете дали истата е ефикасна во заштитата од вирусот и не заборавајте да се грижите за кожата.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk