'Must have' аксесоар од иднината - „Burberry“ лансира заштитни маски

Кармин

15/09/2020

17:40

1.274

Големина на фонт

а а а

Очигледно, маските ќе станат наши неопходни додатоци секогаш кога ќе излегуваме од нашиот дом.

Иднината што можеме да ја предвидиме засега, неизбежно содржи маски, па токму од таа причин многу љубители на модата се одлучуваат да инвестираат во стилизирани парчиња, кои ќе ве заштитат и со кои ќе изгледате одлично. Бидејќи маските покриваат повеќе од половина од нашите лица, можеби и не е сосема апсурдна идејата за нивно брендирање.


Познатиот британски бренд „Burberry“ одлучи да ја лансира првата колекција од своите дизајнерски маски во вистинско време. Маските добиле култeн дизајн и се одржливо произведени од рециклирани памучни влакна, обезбедуваат ефикасност во филтрирање на честичките (PFE)и дополнително се унапредени со антимикробна технологија. Внимание е посветено и на нивните детали, бидејќи тие доаѓаат заедно со торби за носење, направени од истиот материјал.


„Burberry“ маските ќе ве чинат околу 118 долари, што е прилично висока цена. Сепак, заработката што брендот ќе ја има од нивната продажба оди во добротворни цели, односно во „Burberry Foundation Covid-19 Community Fund“. Овој фонд донира заштитна опрема во болниците, а веќе дал неколку донации за истражување на вакцините, хуманитарни организации и компании кои произведуваат и дистрибуираат заштитна опрема. Тие веќе можат да се купат преку страницата на познатиот бренд.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk