60 отсто од жените не умеат да ги препознаат овие 6 најчести знаци на рак

Кармин

15/09/2020

16:14

2.871

Големина на фонт

а а а

По повод Месецот на подигнување на свеста за рак на репродуктивните органи, научниците спровеле истражување преку анкета, претставувајќи 19 симптоми од кои жените требало да ги заокружат оние што укажуваат на малигно заболување.

Малку е да се каже дека останале шокирани од резултатите – околу 60 отсто од жените не умееле да ги препознаат шесте симптоми кои честопати се најраниот знак дека во телото се формира рак. 

Ова се симптомите кои жените најчесто ги игнорираат или ги препишуваат на нешто друго:

Констипација

Верувале или не, констипацијата може да биде првиот знак на рак на јајници. Покрај тоа, може да биде знак дека ракот се проширил на дебелото црево или дека притисокот поради насобраната течност ги погодува цревата, па доаѓа до констипација. Кај било кој симптом поврзан со цревата треба да се јавите на лекар, доколку истиот трае подолг период.

Надуеност

Сосема е нормално стомакот да биде надуен поради одредена храна или за време на менструалниот циклус, но надуеноста исто така може да биде знак на рак на репродуктивните органи. Кај некои жени тоа може да биде блага, речиси незабележлива надуеност, додека кај други стомакот толку отекува што се сомневаат дека се бремени. Доколку и вие постојано чувствувате надуеност, особено ако таа е абнормална, задолжително посетете лекар.


Зачестено мокрење

Американскиот Центар за превенција и контрола на болести истакнува дека потребата за мокрење која е почеста од вообичаено може да биде ран знак на рак на јајници или на грлото на матката. До овој симптом доаѓа бидејќи течноста во случај на рак на овие органи се насобира околу мочниот меур и предизвикува дополнителен притисок, поради што почнуваме почесто да одиме во тоалет.

Дебелеење

Иако за алармантен знак се смета наглото и необјасниво губење на тежината, многу жени кои имале рак на јајници нагло се здебелиле. Тоа обично се случува поради уморот кој влијае на намалувањето на физичката активност.


Губење тежина

Овој симптом се поврзува со бројни видови рак, особено поради лекувањето – хемотерапијата. Сепак, дури и пред лекувањето, ракот на репродуктивните органи може да биде причина за необјасниво слабеење. Ако не сте на диета или не сте ја зголемиле физичката активност, а сте изгубиле 5 или повеќе килограми, би требало што поскоро да одите на лекар.

Екстремен умор

Речиси половина од испитаните жените кои имале рак на репродуктивните органи пријавиле чувство на екстремен умор. Најчудно во сето тоа е што помладите жени почесто биле уморни за разлика од повозрасните, а овој симптом може да трае со години по излекувањето. Екстремниот умор во секој случај е причина зошто треба да посетите лекар.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk