Сопругата на Емануел Макрон го споделила својот најголем страв - во нејзината приказна ќе се пронајдат многу жени

Кармин

15/09/2020

13:03

3.450

Големина на фонт

а а а

67-годишната Брижит Макрон открила дека се чувствувала беспомошно и уплашено кога за првпат станала мајка на 21-годишна возраст.

Сопругата на францускиот претседател Емануел Макрон има 3 деца и 7 внуци од првиот брак. Во разговор за француското списание „Ел“, Брижит признала дека по излегувањето од породилното одделение се чувствувала „беспомошно и уплашено“. 

„Се плашев дека нема да знам што би требало да правам со бебето, се плашев дека ќе направам нешто погрешно. Стравував дека ќе му се случи нешто на мојот син. Првите 3 недели плачеше деноноќно без престан и бев очајна поради тоа“, се присетила првата дама на Франција.


Според нејзините зборови, во светот малку се зборува за тоа колку младите мајки се уплашени и беспомошни кога ќе се вратат со бебето дома.

„Кога го родив првиот син и чекав отпуст од болница, стоев пред зграда и го чекав сопругот да дојде по нас, а всушност единственото нешто што го сакав беше да се свртам и да се стрчам назад во зградата“, искрено зборувала Брижит.


Кога по 3 недели се јавила кај педијатарот, исплашена поради константното плачење на синот, тој ја уверил дека бебето е добро. Дури подоцна открила дека нејзиниот син Себастијан имал здравствен проблем кој бил решен по оперативен пат. Тој денес е инженер и има 45 години.

„Да се биде мајка е многу тешко, за тоа малку се зборува“, константирала првата дама на Франција.

Од првиот брак Брижит Макрон има и 2 ќерки - Лоранс која работи како кардиолог и Тифани која е адвокат и која во средно училиште учела со својот очув, Емануел Макрон.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk