Меси се налутил на дебито на Куман: Престани да ме удираш идиоту

Дерби

14/09/2020

20:49

3.553

Големина на фонт

а а а

Барселона предодена од Роналд Куман тргна со победа на првиот подготвителен меч пред почетокот на натпреварувачка сезона, откако каталонскиот гигант со 3:1 славеше во дуелот со Химнастик кој се одигра во саботата.

Холандскиот стручњак им даде по 45 минути на сите играчи кои ги имаше на располагање, со тоа што една од главните вести беше стартерското место на Лионел Меси, кој на крајот останува капитен на тимот и покрај сите турбуленции кои ги предизвика со барањето за заминување.

Ако се земе во предвид залагањето на натпреварот, може да се заклучи дека Меси ги остава зад себе сите непријатни ситуации од последните две седмици, па сега е максимално насочен кон остварување на целите на тимот.

Лео привлече внимание на мечот со Химнастик поради тоа што имаше убав гест кон Гризман, односно му дозволи на Французинот да го изведе пеналот и да ја врати самодовербата кога се во прашње ударите од белата точка.

Сепак, два дена по средбата, ни пристигна едно интересно видео од првото полувреме, во кое се гледа дека агресивната игра на Хавиер Рибелјес го налутила Аргентинецот. Во интервјуто за „Чирингито“, играчот за врска на Химнастик открива дека добил навистина сочна порака од Меси.

– Постојано го имав на поглед и гледав каде се движи на теренот. Бев како негова сенка и тој во еден момент се налути по мој старт. Престани да ме удираш идиоту, беа неговите зборови, – открива Рибелјес со насмевка на лицето, посочувајќи дека немал храброст да му го побара дресот на Аргентинецот откако претходно го налутил.

Фудбалерот на Химнастик откри дека Антоан Гризман му го подарил неговиот дрес и го пофали Французинот за човечките квалитети кои ги покажал по пријателската средба.



Спонзорирани линкови

Маркетинг