Дали се сеќавате на талентираната Лара Иванова? Младата пејачка влезе во семејството на „Промостејџ“

Точка

03/09/2020

14:36

5.187

Големина на фонт

а а а

Младата и талентирана Лара Иванова е свежиот бран на македонската музичка сцена, а со тоа и официјално влезе во семејството на ПР агенцијата „Промостејџ“.

Има 16 години и веќе од свои 6 години се занимава со музика. Својот прв настап го има во 2010-та година на детскиот музички фестивал „Супер Ѕвезда“ со песната „Фабрика за насмевки“ на композиторот и музички продуцент Александар Масевски.

Освен што е талентирана за пеење, Лара го негува и талентот кон балетот. Имено, во 2014-та година го зеде првото место во натпреварот “Skopje Open” во категоријата модерен балет, за подоцна истата година да го земе третото место на меѓународниот натпревар во Софија, Бугарија во категоријата класичен балет.


Од 2010 до 2019 година зеде учество во балетските претстави на МОБ за „Оревокршачка“ и „Петар Пан“.

Својот прв настап на еден од најпознатите и најреномирани фестивали во Македонија - „Макфест“ се случи во 2019 година каде настапи со песната „Кој те учи така“ на композиторот и музички продуцент Иле Спасев со награда за најдобар аранжман.

Не пропуштајте: Новиот бисер на македонската музичка сцена: Најмладата изведувачка на „Макфест“ со неверојатно емотивен настап 

Истата година, свој настап имаше и во Филхармонија со првиот лиценциран бродвејски мјузикл за деца и младинци „Ени Јуниор“, во улогата на Grace Farrell.

Имено, Лара Иванова може да ја забележите и како статист во видео записот на Ламбе Алабаковски за песната „Биди пријател наш“, како и во видео записот „Под ова знаме“ на група македонски пејачи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг