Точка ТВ: 5 најморничави места на светот – достапни за туристите, а влеваат страв во коски

Точка

03/09/2020

15:10

5.865

Големина на фонт

а а а

Некои места на светот се толку многу опасни што луѓето се плашат и од самата нивна помисла. Овие 5, дефинитивно се најзлобните, најстрашните и најчудните места достапни за туристите.

1. Остров на куклите

Легендата вели дека девојче се удавило во каналот на остров во Мексико. Телото било пронајдено по неколку денови, а од тој ден на крајбрежјето на островот почнале да се појавуваат кукли.

Се смета дека истите допловиле од морето, но никој не е 100 отсто сигурен за нивното потекло. Поголемиот дел од куклите се врзани за дрвјата, па оттогаш островот го нарекуваат „Остров на куклите“.

2. Пеколна дупка, Туркменистан

Да, пеколот на Земјата постои. Има облик на дупка која што се наоѓа во Туркменистан. Дупката случајно ја направиле советски научници, а од истата почнал да излегува гас.

Научниците гасот во дупката со намера го запалиле, а дупката гори до денес. Интересно е тоа што таа привлекува голем број пајаци.

3. Напуштена психијатриска болница, Сасекс

Напуштената зграда на поранешната психијатриска болница „Helingli“ се наоѓа северно од Сасекс. Отворена била во далечната 1903 година, а во неа се спроведувале разни третмани - електрошокови и лоботомија.

Откако истата била затворена во 1994-та година, така стои и денес, со остатоците од некогашниот инвентар во просториите кои што со текот на времето пропаднале.


4. Пазар на фетиши, Того

Акодесава е трговско гратче кое што се наоѓа во близина на градот Того, а најпознато е по тоа што во него се наоѓа пазар на кој што има многу понуди - од кои најбизарни се тие во кои нудат лешеви, костури и кожа од животни.

Таму може да најдете и мумии на помали животни, да купите напиток за сексуална потенција, како и различни садови на кои што локалните врачеви фрлиле магија.

5. Реален „Silent Hill“, САД

Некогаш напреден рударски град, го уништил случаен пожар во текот на 1962-та година. По несреќата голем број на жители го напуштиле градот, но некои од нив останале.

До денес, чадот продолжува да излегува од земјата низ пукнатините на патиштата, канализацијата и низ дупките од површината на тлото.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk