Криси Тајген и Џон Леџенд ќе прослават 7-годишнина од нивниот брак, а веќе имаат син и ќерка.
Манекенката Криси Тајген (34) и музичарот Џон Леџенд (41) очекуваат трето дете, пренесува Си-ен-ен.
За приновата почнало да се шпекулира неодамна кога сопружниците снимале спот за новата песна за Џон, „Wild“.
Пејачот ја прегрнува Криси од зад грб, а таа со рацете го гали стомакот.
Тајген вчера на Интаграм стори ги потврди шпекулациите.
„Погледнете го овој стомак од третото дете“, напишала манекенката во видеото додека се гледала себеси во огледалото.
Криси и Џон веќе имаат две деца.
Инаку, Тајген и Леџенд се запознале во 2006-та година на снимањето на спотот на пејачот, а многумина истакнуваат дека се најзаљубениот пар во светот.