Новиот ''ѕвер'' на Роналдо е во боите на Јувентус – чини 8 милиони евра, но вреди!

Точка

13/08/2020

18:45

5.069

Големина на фонт

а а а

Еден од најдобрите фудбалери на светов и првата ѕвезда нa Јувентус, како што пренесуваат италијанските медиуми, купил посебно издание на „Bugatti“, а тоа го направил поради освојувањето на шампионската титула во Серија А.

Новиот автомобил на Роналдо е вреден 8.000.000 евра, и би требало да му биде испорачан дури на почетокот од 2021-та година, затоа што сè уште е во тек на произведување, а тоа е отежнато поради пандемијата коронавирус.

Со оглед на тоа што Роналдо од еден годишен договор заработува 30 милиони евра, на што се додаваат и приходите од реклами, особено од социјалните мрежи, за него цената не претставува никаков проблем.

Португалецот е познат како голем љубител на луксузните автомобили.

Тој има и своја колекција. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг