„Каде оди вака како папагал?“: Поради стајлингот Џенифер Лопез на листата на најлошо облечени холивудски ѕвезди за оваа седмица

Кармин

13/08/2020

18:02

2.877

Големина на фонт

а а а

Популарната пејачка и овојпат имала целосно модно промашување, затоа што се облекла како ''папагал'', барем така велат нејзините обожаватели.

Пејачката, актерка и танчерка Џенифер Лопез (51) била фотографирана во шарени тренирки додека одела на снимањето за новиот трејлер за филмот во Њујорк, а фановите велат дека никогаш полошо не изгледала.

Имено, таа била облечена во лежерно издание и така тргнала на сет, а откако започна пандемијата коронавирус таа во јавноста се појавува воглавно во спортски парчиња облека.

Сега, како што велат нејзините фанови, се надминала себеси со стајлингот и боите.

Од глава до пети таа носела премногу впечатливи бои од потписот на „Nike“ и „Ralf Loren“.


Покрај сè таа тоа го комбинирала со заштитна маска за лице, а во раката имала и кристално шише за вода од кое што не се одвојува.

Фановите велат дека пејачката изгледа како папагал, а многу ѝ замериле и на панделката кога што ја носела во неуредната коса.

Поради тренирките таа влегла на листата на најлошо облечени холивудски актерки за оваа седмица.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk