Голем дел од Бугарија, Романија, и цела Хрватска, меѓутоа, се изземени од таа листа, наведува весникот.
Германија е загрижена поради порастот на бројот на новозаразени од коронавирусот по една забава на одмор во Хрватска.
Весникот наведува дека 24 гости на една роденденска забава во Германија се позитивно тестирани на коронавирусот, а осум од нив претходно биле на одмор на место за забави во Новалја, на хрватскиот остров Паг и оттаму се вратиле со вирусот.
Уште 12 новозаразени, како што се наведува, се регистрирани во округот Гепинген, откако една група матуранти го минала одморот во Новалја славејќи по забави.
Малиот дневен весник од северот на хрватска "Norddeutsche neueste nachrichten", анализирајќи го податокот дека третина од новозаразените го минале одморот во странство, констатира дека погледот на списокот на земји од кои се вратиле заразаните покажува дека опасноста не доаѓа од класичниот летен туризам, туку од друго место.
Како пример весникот го наведува фактот дека на првото место на таа непопуларна листа е Косово со повеќе од 1.000 заразени и со тенденција на раст, на второ место е Турција со 501 случај, на трето Хрватска со 260, а на четврто Србија со 196.
Зад ни се Бугарија, Босна и Херцеговина и Романија.
"Шпанија, која ги полнела весниците поради Барселона и досега малку погодениот туристички остров Мајорка, моментално со само 107 случаи е на десетото место", пишува германскиот весник и потсетува дека германското Министерство за надвреошни работи многу земји од југоисточна Европа веќе ставило на листата на ризични подрачја, што значи дека жителите на Германија мора задолжително да се тестираат кога ќе се вратат од таму, како на пример од многу делови на Турција, Србија, Косово и Албанија.
Голем дел од Бугарија, Романија и цела Хрватска, меѓутоа, се изземени од таа листа, наведува весникот.
Извесни нелогичности во тие статистики и ставање на листата на различни подрачја му влегле во очи и на коментаторот на весникот "Badische Zeitung", кој наведува дека корона-забавите се неодговорни без разлика дали се одржуваат во Германија или на друго место.
Институтот "Роберт Кох" и германската влада, меѓутоа, сепак мораат да ни разјаснат зошто Србија со 196 увезени случаи е ставена во ризичните подрачја, а Хрватска со 260 не е, пишува весникот.