Помпео: Mу кажав на Лавров, ако се покаже дека се вмешани, ќе платат висока цена

Макфакс

13/08/2020

16:13

1.305

Големина на фонт

а а а

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, изјави дека испратил известување до министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.

Помпео го известил Лавров дека, како што рече, ќе биде платена голема цена ако се покажат како точни извештаите на разузнавачките служби дека Русија ставала цена на главите на американските војници во рамките на мисијата во Авганистан.

Во интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ), Помпео рече дека за тоа разговарале и претставници на американската армија со високи руски претставници.

„Њујорк Тајмс“ кон крајот на јуни извести дека Централната разузнавачка агенција на Русија наводно плаќала борци блиски до талибанците за успешно извршени напади врз американски војници и други припадници на силите на НАТО.

На прашањето дали им верува на тие извештаи, Помпео одговори:

„Ние тоа го разјаснивме. Знаеме дека Русите во минатото ги вооружувале талибанците, знаеме дека Иранците денес сè уште ги вооружуваат“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг