Трамп објавил бизарен спот против Бајден, алудира дека е педофил

Точка

13/08/2020

15:43

1.188

Големина на фонт

а а а

Во анимираното видео кое изгледа како да е направено со технологија стара 30 години, прво гледаме воз кој вози по пруга.

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска на своите профили на Твитер и Фејсбук објавил уште едно во низата видеа кои се комбинација од предизборни спотови и навредливи "мемиња" насочени кон неговиот противкандидат Џо Бајден и другите политички противници. Но, ова е побизарно од сите други. 

Во анимираното видое кое изгледа како да е направено со технологија стара 30 години, прво гледаме воз кој вози по пруга. На вагоните на возот пишува "KAG 2020", што кратенка за слоганот "Keep America Great" и натпис "Trump Pence".

После тоа гледаме дека по истата пруга минува Бајден на железничко возило на рачен погон, додека во исто време на аудио снимка се слуша бизарен монолог на Бајден за неговите искуства од младоста кога бил спасувач на јавен базен.

Во тој монолог Бајден меѓу другото вели: "Сакам кога децата ми седнуваат во скут".



Спонзорирани линкови

Маркетинг