На актерката во 2018-та година ѝ беше дијагностицирана мултиплекс склероза, а сега по првпат има подобрување после две тешки години.
Американската актерка Селма Блер (48) повторно јава коњ, откако ѝ ја дијагностицираа болеста, после што била подложна на многу хемотерапии.
Имено, актерката често на социјалните мрежи зборува за животот со тешката болест и со фановите споделува низ какви мачни искуства поминува, но ги открива и оние убавите работи. Токму тоа го направила и во претпоследната објава каде зборува за враќањето на јавачката стаза.
Таа неодамна откри дека не ја чувствува левата нога и дека колковите ѝ се 'замрзнати', а со новата фотографија ги воодушеви своите обожаватели, кои ѝ посакуваат целосно закрепнување.
„Се движам полека. Не се критикувам премногу. Јас сум во хаос со мултиплекс склерозата. Кажано ми е дека една година после првата дијагноза ќе јавам на коњ. Одев на хемотерапии, верував и ми беше срам од другите што не успеав. Сега сфаќам дека секогаш ќе ја имам оваа болест. Секогаш. Но, ќе научам како да го користам ова тело, мозокот и емоциите“, напишала Селма под најновата објава.
„Му се вратив на мојот коњ. Тоа е она што најмногу ми недостасува. Но, ете, денеска успеав барем на неколку минути и не престанувам да се смеам“, вели актерката.