На 13-ти август ќе бидат одбележани 121 година од раѓањето на Алфред Хичкок.
Алфред Хичкок е роден на 13-ти август 1899-та година во Лондон.
Бил мајстор на неизвесноста и ''татко на стравот'', а исто така интересен е и неговиот пристап на работа.
Инаку, неговиот нерв особено се огледувал и во неговиот однос со неговите филмови...
Ова се неговите најголеми стравови:
Кога имал 5 години, татко му го испратил во локална полициска станица, со порака полицајците да го заклучат во ќелија 5 минути, како казна за непослушност. Од тој настан потекнува и неговиот голем страв од полиција.
Еднаш Хичкок рекол: „Се плашам од јајца. Тој голем круг без една дупка... Дали сте виделе нешто што е поодвратно од жолчка? Крвта е во радосна боја - црвена. Но, жолчката е жолта - ужас. Никогаш не сум пробал“.
Алфред изјавил: „Се плашам од своите филмови. Никогаш не сум ги гледал. Не знам како луѓето поднесуваат да ги гледаат моите филмови“.
Кралот на цртаните филмови ја одбил молбата на Хичкок да сними филм во текот на 60-те години во Дизниленд. Причината која што ја навел е дека Хичкок го снимил ''тој одвратен филм Psicho“.