Рио Фердинанд со јасен став во врска со трансферот на Џејдон Санчо

Дерби

12/08/2020

14:45

1.567

Големина на фонт

а а а

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, а сегашен аналитичар на неколку англиски телевизии, Рио Фердинанд даде свое видување за целата ситуација поврзана со Џејдон Санчо.

Фердинанд истакна дека и покрај коментарите на Микаел Цорк се надева дека Џејдон Санчо сепак ќе пристигне во „Олд Трафорд“.

Според поранешниот капитен на „ѓаволите“ младиот крилен фудбалер и тоа како му е потребен на тим како Манчестер Јунајтед.

– Манчестер Јунајтед мора да ги носи најдобрите играчи на пазарот. Санчо е фантастичен и ако дојде ќе го подигне квалитетот на тимот без никаков сомнеж.

– На Јунајтед му се потребни врвни играчи кои ќе имаат ефект на стартните 11, а Санчо спаѓа во таа категорија.

– Ако ги погледнете успешните периоди во историјата на Манчестер Јунајтед, тогаш ќе заклучите дека имаше играчи кои се борат за секоја позиција во тимот.

– Кога ќе извадевте еден играч, а ќе внесевте друг, тоа воопшто немаше да се одрази на квалитетот, -заклучи Рио Фердинанд.



Спонзорирани линкови

Маркетинг