Алкантара притиска за трансфер во Ливерпул, но Јирген Клоп има други планови

Дерби

12/08/2020

14:27

1.557

Големина на фонт

а а а

Веќе некое време се најавува трансфер на шпанскиот фудбалер, Тијаго Алкантара во редовите на англискиот шампион Ливерпул.

Дека Алкантара сака нов предизвик во Англија потврдија и тренерот на клубот, Ханси Флик, како и првиот оперативец Карл Хајнц-Румениге.

Алкантара веројатно јасно дал до знаење дека сака трансфер во Ливерпул, но според најновите информации до такво нешто би можело да не дојде.

„Скај Спортс“ пишува дека играчот бил фрустриран затоа што трансферот во англискиот гигант веројатно нема да се материјализира.

Причината за тоа е што Јирген Клоп немал планови да ангажира нови фудбалери од средината на теренот во летниот преоден рок.

Наместо тоа, германскиот стратег сега е насочен кон продолжување на соработката со Вијналдум кој има само уште 12 месеци од неговиот актуелен договор со клубот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг