Жулен Лопетеги и тоа како го цени својот следен противник: Манчестер Јунајтед е…

Дерби

12/08/2020

14:25

1.309

Големина на фонт

а а а

Тимот на Севилја во текот на вчерашниот ден обезбеди пласман во полуфиналето од Лига Европа откако со 1:0 славеше против Вулверхемптон и си закажа натпревар со Манчестер Јунајтед.

Клубот од Андалузија беше меѓу фаворитите за освојување на европското натпреварување, а сега пред нив се испречува гигант од типот на Манчестер Јунајтед.

Колку е голем англискиот клуб знае и тренерот на Севилја, Жулен Лопетеги кој посочи дека според него Манчестер Јунајтед е најголемиот светски клуб во моментов.

– Ќе играме против Манчестер Јунајтед на слендиот натпревар, тие се најголемиот тим во светот, но ние ќе се подготвиме за средбата со нив.

– Фокусирани сме на следниот натпревар, против историски тим, еден од најдобрите во историјата на спортот. Во моментов тие се во одлична форма.

– Што се однесува до нас, ние ќе го дадеме максимумот како што секогаш го правиме тоа. Да се игра против нив ќе биде навистина тешко, но ние ќе влеземе во натпреварот со верување дека можеме да ги добиеме, - заврши Лопетеги.



Спонзорирани линкови

Маркетинг