Напаѓачот на Лацио кој зад себе ја остава својата најдобра сезона во кариерата, Чиро Имобиле призна дека добил понуда од англиски премиерлигаш.
Имобиле откри дека бил контактиран од саудискиот конзорциум кој извесно време се обидуваше да го купи англискиот премиерлигаш, Њукасл.
– Во време кога се зборуваше дека е можно купување на Њукасл од шеикот тие го побараа мојот агент, Алесандро Моџи.
– Потоа Премиер лигата не го прифати тој предлог или конзорциумот се повлече, не се сеќавам добро. Знам дека тие беа во потрага по италијански тренер, или Алегри или Спалети.
– Очекувам да ми се јават, но настојувам да останамв о Лацио засекогаш, - заклучи Имобиле.
Инаку продажбата на Њукасл пропадна откако саудискиот конзорциум преку соопштение се откажа од намерата за купување на клубот.
Сепак, „Скај Спортс“ неодамна пренесе дека сопственикот на клубот, Мајк Ешли повторно ќе воспостави контакт со конзорциумот за нови преговори и разговори околу продажбата.