Викендов и следната недела четврта фаза од прскањето против комарци во Скопје

Макфакс

12/08/2020

14:15

655

Големина на фонт

а а а

Четвртата фаза од авионската дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на Скопје ќе се реализира во раните утрински часови на 15 и 16 август (сабота и недела), информираат градските власти.

Четвртата фаза од терестичната дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе започне во понеделник (17 август) и ќе заврши најдоцна до 21 асвгуст (петок), во период од 21.00 до 03.00 часот, наредниот ден.

Терестичната дезинсекција против ларви од комарци, пак, ќе се реализира на 19 август (среда), во текот на денот.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг