Со оваа должина на косата ќе изгледате 5 години помладо: Ова е моментално најпопуларната фризура

Кармин

12/08/2020

14:02

4.502

Големина на фонт

а а а

Оваа фризура ги истакнува најубавите црти на лицето.

Летото е вистинско време за експериментирање со косата, а една фризура стана особени актуелна овие денови. 

Станува збор за таканаречен француски боб кој претставува идеално решение доколку сакате да постигнете бунтовен и шик изглед.

Од останатите боб фризури, францускиот го карактеризира должина на косата до усните и рамни шишки. Токму поради должината, оваа фризура ги нагласува јаболчниците и очите. Таа ќе го освежи вашето лице и ќе му даде младешки изглед, па затоа е идеална и за жените кои имаат повеќе од 40 години.

Најчесто се носи разбушавена за да се постигне кул и бунтовнички изглед.

Овој начин на стилизирање на косата беше особено актуелен во текот на 20-те и 30-те години на минатиот век.

Одлично им прилега на дами со овална и срцевидна форма на лицето додека дамите кои имаат тркалезно лице би требало да ја одбегнуваат, бидејќи ќе направи да изгледаат пополно во лицето.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk