Први податоци од спринтот кој ги зачуди фановите: Позната брзината која ја достигнал Адама против Севилја

Дерби

12/08/2020

10:46

1.898

Големина на фонт

а а а

Вулверхемптон има за што да жали по крајот на четвртфиналето во Лига Европа, бидејќи англискиот премиерлигаш пропушти златна шанса при резултат 0:0.

Најдобриот голгетер Раул Хименез не го искористи пенлот и биеше очајно лошо, а со тоа ја упропасти цела добра работа која претходно ја заврши Адама Траоре.

Крилниот фудбалер уште еднаш ја презентираше својата нестварна брзина, но овојпат тоа го направи на европската сцена и тоа на натпревар кој беше многу важен.

„Молњата“ Траоре претрча страшни 70 метри со неверојатен спринт и играчите на Севилја го сопреа само со прекршок за најстрога казна, а бидејќи неговиот спринт буквално ги фасцинираше фудаблските фанови и светските медиуми, брзо пристигнаа и податоците од анализите.

Угледниот „ЕСПН“ пренесе дека супер-моќниот Траоре за време на спринтот достигал брзина од приближно 37 километри на час, нешто што го става едно скалило погоре од сите други во професионалниот фудбал кога е во прашање брзината.



Спонзорирани линкови

Маркетинг