Тимот на Интер изгледаше одлично на вчерашниот натпревар против Баер Леверкузен кој го доби со 2:1.
Сите погодоци паднаа во првиот дел, а иако резултатот беше тесен Интер во ниту еден момент не дозволи да биде доведена во прашање нивната победа.
Токму затоа тренерот на клубот Антонио Конте истакна дека е премногу задоволен од целокупниот развој на настаните на вчерашниот натпревар.
– Многу сме задоволни, тоа беше добра претстава. Го подготвивме натпреварот на вистинскиот начин, не сакавме во ниту еден момент Леверкузен лесно да ја игра својата игра, - изјави Конте кој потоа посочи дека сега се насочуваат на следниот натпревар.
– Покажавме дека сме гладни, имаме прилика да играме полуфинале во Лига Европа и можеме да бидеме задоволни. Од утре мора да почнеме со подготовки за полуфиналето, - заврши Конте.