Нов кул тренд кој го освои светот: Врзете ги сандалите врз панталоните – трик кој ги издолжува нозете

Точка

11/08/2020

15:43

2.531

Големина на фонт

а а а

Нагласувањето на струкот, градите или колковите – сето тоа се сосема стандардни модни пракси кои се користат веќе со векови.

Но, ова лето дизајнерите повикуваат да ги нагласите – зглобовите! 

Современите модерни жени на почеток беа изненадени од овој тренд. Овој мини тренд не настана на социјалните мрежи, туку на модните писти. Новиот стилски трик беше забележан на модните ревии за пролет/лето на “JW Anderson”, “Toga” и “Charlotte Knowles” – сите овие брендови го претставија истиот тренд, настапувајќи на лондонската Недела на модата.


Подоцна ја забележавме истата техника и кај хероините на уличниот стил. И додека навистина нѝ се допаднаа смелите верзии на дизајнерите, не е неопходно да бидеме толку радикални за да изгледаме тренди. 

Комбинацијата на широки панталони со сандали на врзување изгледа убаво, но за да изгледате елегантно, а не ексцентрично, можете да одберете покласични и посмирени комбинации и да позајмите идеи од ѕвездите на уличниот стил.





Спонзорирани линкови

Маркетинг