Напаѓачот на Манчестер Јунајтед доби пофалби од сите страни: Тој е како Ферари…

Дерби

11/08/2020

12:48

2.085

Големина на фонт

а а а

Офанзивецот на Манчестер Јунајтед, Антони Марсијал беше еден од најдобрите поединци на теренот на вчерашниот натпревар против Копенхаген.

„Ѓаволите“ во Келн стигнаа до доста тешка победа извојувана во продолженијата, а клучот за победата беше токму Марсијал врз кого беше направен пеналот кој подоцна го реализираше Бруно Фернандеш.

Во студиото на „БиТи Спорт“, францускиот напаѓач доби пофалби од поранешните фудбалери на Манчестер Јунајтед, Овен Харгрејвс, Пол Сколс и Робин ван Перси.

– Сите го делат истото мислење за Марсијал.Тој е Ферари, изгледаше како играч од 100 милиони фунти, - кратко коментираше Харгрејвс.

На овој коментар се надоврза и Пол Сколс кој го пофали Марсијал, но во исто време и го искритикува поради неговата слаба реализација на натпреварот.

– Од натпревар во натпревар се преправа во вистинска „деветка“. Тој нормално е брилијантен финишер, но вечерва не беше баш најдобар на тоа поле, - изјави Сколс.

За крај свој коментар даде и поранешниот напаѓач на „ѓаволите“, Робин ван Перси:

– Марсијал секогаш имал око за своите соиграчи и токму тоа го прави различен од другите. Токму затоа јас мислам дека тој е играч од светска класа, - заклучи ван Перси.



Спонзорирани линкови

Маркетинг