Ниту еден патник од авионот за Финска го нема во базата на позитивни случаи на ковид-19

Макфакс

11/08/2020

12:44

913

Големина на фонт

а а а

Министерството за здравство информира дека веќе се извршени проверки за сите патници од авионот за Финска, кои што според финските власти по доброволното тестирање, 24 биле позитивни на коронавирус.

Од Министерството потврдуваат дека ниту еден од нив не е регистриран во базата на позитивни случаи со Ковид-19 во нашата земја, што значи немаат решение за изолација како позитивни од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Претходно Министерството за здравство информираше дека по проверка на информациите со службите од Скопскиот аеродром и граничната полиција било утврдено дека се работи за патници, иселеници, коишто доаѓаат во Македонија, или транзирираат преку Македонија од различни причини, а потоа се враќаат на работа во Западна Европа, за коишто со дозвола за престој или државјанство од ЕУ не важат рестрикциите при влез и излез од земјата.

Според добиените податоци во посочениот лет најголем дел од патниците патувале со косовски пасош (95 лица), фински пасош (60 лица), а останатите се со македонски (2), албански, бугарски, естонски и шведски пасоши.



Спонзорирани линкови

Маркетинг