Каде е топката: Играч на Копенхаген го повтори епскиот дриблинг на Редондо, играчите на Јунајтед во бунило

Дерби

11/08/2020

11:55

1.594

Големина на фонт

а а а

Ако некој мислеше дека епскиот дриблинг на Фернандо Редондо од „Олд Трафорд“ нема повеќе никогаш да се види во Европа, фудбалските фанови се уверија во сосема спротивното, а судбината посака повторно играчи на Манчестер Јунајтед да бидат жртва на истите.

Пред точно 20 години во четвртфиналето во Лигата на шампионите, Редондо му намести гол на Раул по сензационален дриблинг, а изминатава вечер избраниците на Оле Гунар Солскјер имаа огромна среќа што Копенхаген не ја искористи својата најдобар шанса на мечот.

Во моменти кога Јунајтед силно притискаше во вториот дел, Расмус Фалк изрежира мајсторија каква што ректо се гледа во фудаблот, или поточно, ја повтори бравурата на Редондо и ги „извади од копачки“ Фред и Брендон Вилијамс.

Данскиот офанзивен фудбалер со својата генијална бравура се ослободи од двајцата, а потоа додаде во срцето на шеснаесетникот, но неговите соиграчи не ја претворија во гол и не ја наградија неговата страшна акција.

Во продолжение, Манчестер Јунајтед постигна гол преку Бруно Фернандеш од пенал, а тоа беше доволно да се најде во полуфиналето.

Потсетување на магијата на Редондо…



Спонзорирани линкови

Маркетинг