Крис Прат и Кетрин Шварценегер го откриле името на ќеркичката: “Не можеме да бидеме посреќни”

Кармин

11/08/2020

12:46

1.852

Големина на фонт

а а а

Ќерката на славниот актер Арнолд Шварценегер, Кетрин Шварценегер, и нејзиниот сопруг Крис Прат го добија своето прво заедничко дете.

“Пресреќни сме што можеме да го објавиме раѓањето на нашата ќерка, Лајла Марија Шварценегер Прат. Не можеме да бидеме посреќни. Мама и бебето се добри. Благословени сме. Со љубов, Кетрин и Крис”, напишал актерот на својот Инстаграм профил заедно со фотографија од рацете на новопечените родители и нивното девојче. 

Имено, со раѓањето на малата Лајла Марија, Арнолд Шварценегер го доби своето прво внуче.

Парот се венчаше во јуни минатата година, по само 5 месеци врска. За Кетрин ова е прво дете додека Крис Прат го има 7-годишниот син Џек со поранешната сопруга Ана Фарис.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk