74-годишна баба ја покажала феноменалната трансформација на која многумина ѝ завидуваат

Кармин

11/08/2020

12:03

2.262

Големина на фонт

а а а

Дека годините се само бројка, докажала и Џоан Мекдоналд, 74-годишна баба која пред 2 години добила желба за промена на животниот стил.

Нејзината трансформација за многумина претставува инспирација, а на Инстаграм ја следат над 840 илјади луѓе. Таа постојано објавува видеа во кои прави импресивни вежби и покажува вештини на кои можат да позавидат и двојно помлади дами од неа. 

“Кога започнав да тренирам, носев широка облека бидејќи се срамев да го покажувам телото. Еден ден мојата ќерка ми купи нова спортска облека и забележав промена. Имав мускули, моето тело започна да добива поинаков облик. Се чувствував добро само поради новата облека, тоа ми беше мотивација”, открила Џоан во една неодамнешна објава.

Како што вели, ако таа можела да ја совлада лекцијата во 70-те години од животот, можат и многу помладите од неа.

“Сакајте се доволно за да се одлучите на промена и секојдневно искажувајте си ја таа љубов”.

Нејзин тренер е нејзината ќерка Мишел Мекдоналд која воедно и професионално се занимава со тоа. Џоан успеала да ослабне 27 килограми и преку вежбањето да го преобликува телото. Таа денес вели дека е позатегната, позадоволна од својот изглед, но и поздрава – што е најважно.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk