Убава вест од Русија! Путин обелодени дека успешно е регистрирана првата вакцина против Ковид-19: „Ова е важен чекор за целиот свет“

Точка

11/08/2020

18:16

2.532

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, денес објави дека регистрирана е првата вакцина против коронавирусот.

Вакцината се развиваше во истражувачкиот институт „Гамалеј“, заедно со Министерството за одбрана на Русија.

Со клиничките испитувања се почна на 18-ти јуни, а сите 38 доброволци развиле имунитет.

„Колку што знам, утрово, првпат во светот регистрирана е вакцината против коронавирусот“ - изјавил Путин на состанокот со членовите од владата.

Претседателот истакнал дека знае дека вакцината делува прилично ефикасно, се формира стабилен имунитет и ги поминала сите неопходни проверки.


Путин исто така изјавил дека очекува масовно производство на руската вакцина против коронавирусот во најскоро време.

Рускиот лидер исто така им се заблагодарил на сите кои што работеле на првата вакцина и истакнал дека тоа е важен чекор за целиот свет.

Тој додал дека неговата ќерка ја тестирала оваа вакцина:

Една од моите ќерки ја прими вакцината. Во таа смисла. учествуваше во експериментот. По првата вакцинација имаше температура од 38 степени, а во текот на утрешниот ден 37 и тоа е тоа“ - изјавил Путин.




Спонзорирани линкови

Маркетинг