Во Финска викендов слетал авион од Скопје со 24 позитивни лица од Ковид-19: „Кој ќе ги гледа утре Финците како купуваат тоалетна хартија“

Точка

11/08/2020

11:03

5.612

Големина на фонт

а а а

Финскиот министер денеска посочил дека на тамошниот аеродром „Турку“, од вкупно 157 патници кои што пристигнале од Скопје, 24 се позитивни на коронавирусот, пренесува „Ројтерс“.

„Доброволното тестирање беше организирано на аеродромот „Турку“ во Финска во саботата за сите патници кои пристигнаа на лет од Скопје, откако властите проследиле летови од Северна Македонија и Букурешт во Романија, како два главни извори на неодамнешни нови инфекции со коронавирус во Финска“ - изјавил министерот за семејни работи и социјални услуги, Криста Киуру, пред новинарите.

По овој случај тамошното министерство најавило воведување на задолжителни тестови за коронавирус и карантин за патници од одредени земји кои што патуваат, а кои што се со висок ризик од заразени.

Задолжителниот двонеделен карантин и можниот тест за коронавирус по пристигнувањето во Финска, ќе бидат применети за секој кој што ќе допатува од земја со над 8 до 10 нови случаи на Ковид-19 на 100.000 жители во последните 14 дена, соопштиле тамошните власти.

Непочитувањето на двонеделниот карантин ќе биде санкционирано со затвор до три месеци или пак парична казна.

Оваа информација одекна во македонската јавност, а Твитерџиите како и секогаш не останаа ''покуси'', па ведаш почнаа да реагираат:

##https://twitter.com/Goran_Man/status/1293078238651191297?s=20##

##https://twitter.com/nekorektniot/status/1293057761551548418?s=20##




Спонзорирани линкови

Маркетинг