Главниот шведски епидемиолог: Дојде до забрзан пад на заразените, не знаеме зошто...

Точка

11/08/2020

10:30

2.925

Големина на фонт

а а а

Главниот шведски епидемиолог Андерс Тегнел изјави дека од почетокот на јули во Шведска дошло до забрзан пад на бројот на заразени.

„Но, зошто тоа се случи точно во тоа време и зошто е така ненадејно, мислам дека е тешко целосно да го сфатиме тоа“, изјави Тегнел во интервјуто за шведскиот портал "The Local".

Тој додаде дека падот на бројот на новозаразени не е поврзан со празниците или некоја мерка која ја презеле здравствените власти.

„Веруваме дека зголемувањето на бројот на имуни луѓе во популацијата има некаква врска со тоа, но навистина не знаеме точно“, изјави Тегнел.


Шведскиот епидемиолог смета дека намалувањето на бројот на случаи на коронавирус во јули во Шведска покажал дека нивната стратегија, според која се избегнати повеќето строги мерки кои ги воведоа другите земји, на некој начин успеала.

„Бројките во Шведска покажуваат дека може да дојде до забрзан пад на бројот на случаи без затворања“, изјави Тегнел и додаде дека бројот на новозаразени пораснал во текот на изминатите неколку седмици.

„Но, се чини дека можеме да се носиме со тоа“, изјави шведскиот епидемиолог.


Тој истакна дека една од работите кои сега ги знаат за коронавирусот е тоа дека станува збор за многу непредвидлива болест. Според него, откривањето и изолацијата ќе бидат клучни за успехот или пропаста во сузбивањето на ширењето на коронавирусот во следната фаза од пандемијата.

Според последните податоци, како последица на коронавирусот во Шведска починаа 5,763 лица, односно речиси пет пати повеќе од Данска, Норвешка и Финска заедно.



Спонзорирани линкови

Маркетинг