Ќерката на познатиот Арнолд Шварценегер, Кетрин, и нејзиниот сопруг Крис Прат по првпат станале родители.
Актерот од претходниот брак со Ана Фарис веќе има дете, а никогаш не криел дека посакува големо семејство.
„Сакам многу деца и сакам уште да уживам во животот, а помалку да работам“, рекол Шварценегер своевремено, пренесуваат странските медиуми.
Синот на Арнолд, Патрик, се огласил и истакнал дека неговата сестра и внука се добро и дека поминало сè во најдобар ред.
„Сè е одлично. Бебето и мајката се добро“, открил тој и покажал дека на бебето му купил подарок, кој го завиткал со розова трака.