Оваа грешка во пиењето вода ја прават многу луѓе – поради неа потешко ги поднесувате горештините

Точка

10/08/2020

15:08

5.379

Големина на фонт

а а а

Сите сме слушнале совети дека во топлиот период од годината е подобро да се консумираат топли напитоци наместо ладни. Но, знаете ли зошто треба да го правите тоа и дали пиењето на ладни напитоци е навистина штетно во летниот период?

Кога надвор температурата е повисока од 30 Целзиусови степени и не можете ни нормално да дишете, дали посегнувате по чаша вода или сок со многу коцки мраз за да се разладите? 

Можеби треба да внимавате колку коцки мраз ставате во вашите напитоци бидејќи научниците предупредуваат дека студената вода всушност ја забавува хидратацијата на организмот и дека во жешките летни денови е подобро да пиете вода односно напитоци на собна температура бидејќи организмот побрзо ги апсорбира.


Ако пиете ледено студен пијалак веднаш по оброкот, постои голема можност да настинете дури и ако надвор е жешко. Кога ќе стекнете навика за консумирање вода на собна температура, ќе забележите огромно подобрување во дигестијата и ќе се чувствувате подобро во текот и по оброкот.

Пиењето на топол чај исто така има свои предности бидејќи топлиот напиток ќе го поттикне потењето и со тоа ќе ве разлади, но постои еден трик: топлиот напиток разладува само кога надвор не е влажно, односно кога воздухот е сув. Ефектот е уште подобар ако носите облека која не задржува влага, односно која овозможува испарување на потта.



Спонзорирани линкови

Маркетинг